Лажно пробудување

Напишано од :   Зак Пунен Категории :   Религиозен или духовен
Article Body: 

Исус и апостолите постојано предупредуваа дека последните денови ќе се карактеризираат со широко распространета измама и мноштво лажни пророци (Мт.24: 3-5,11,24; 1 Тим.4: 1) - и видовме многу од нив во последните неколку децении.

Зошто милиони христијани се измамени од овие лажни пророци и овие лажни „оживувања"? И, зошто толку многу проповедници паѓаат како плен на неморал и алчност?

Според мене некои од главните причиниза тоа се:

1. Повеќето христијани денес не се свесни за тоа што учи Новиот Завет, затоа што не го проучувале внимателно; и така тие ги следат учењата на нивните водачи, а не учењата на Новиот Завет.

2. Чудата (натприродните дарови) станаа поважни за нив отколку нивниот карактер (натприроден живот).

3. Материјалното богатство им стана поважно од духовното богатство.

4. Тие не можат да направат разлика помеѓу душевната јарост или психолошката манипулација и вистинското движење на Светиот Дух; причината повторно е непознавање на Новиот Завет.

5. Тие не можат да направат разлика помеѓу психосоматското заздравување (заздравување кое доаѓа со правилни ставови на умот) и натприродно заздравување во Исусовото име.

6. Емоционалната возбуда и чудните физички манифестации станаа поважни за нив отколку внатрешната радост за Господ.

7. За водачите, нивната служба кон луѓето стана многу поважна од нивното внатрешно одење со Бог.

8. Одобрувањето од луѓето стана многу поважно за тие водачи отколку одобрувањето од Бог.

9. Бројот на луѓе кои присуствуваат на состаноците стана поважен за тие водачи отколку дали тие луѓе се целосно посветени на Христа.

10. Градењето на нивните лични царства и нивните финансиски империи станаа многу поважни за тие водачи, отколку да градат локална црква (заедница) и да станат слуги во таа локална црква (заедница). (Еремија 6:13).

Сето ова е МНОГУ СПРОТИВНО од она што Исус го поучувал. Спротивното од Христос се нарекува „антихрист" во Новиот Завет. Ако христијаните не го гледаат ова јасно, тогаш кога Антихристот ќе се појави на светската сцена, со своите лажни знаци и чуда (2 Сол.2: 3-10), тие слепо ќе го прифатат. Да се биде ​​воден од Духот Христов е да имате сосема спротивен дух од оној што е споменат во горенаведените точки.

Еве едно парафразирање на Исусовите зборови во Матеј 7: 13-27 (прочитајте во контекст на Метеј главите од 5 до 7):

„Обете, и портата и патот, до ВЕЧНИОТ ЖИВОТ се многу тесни - како што само опишав (Мат. 5 до 7). Но, лажните пророци ќе дојдат помеѓу вас и ќе ви кажат дека портата и патот не се тесни, но лесни и широки. Бидете сфесни за нив. Ќе можете лесно да ги идентификувате набљудувајќи го на плодот од нивниот карактер: Дали тие живеат живот ослободеен од лутина, ослободени од желба по жени, ослободени од љубов кон парите и ослободени од нервозното барање на материјално богатство (како што светските луѓе бараат)? Дали тие проповедаат против овие работи како што направив овде? (Мат. 5:21-32 и 6:24-34). Овие лажни пророци може да практикуваат многу надприродни дарови и да прават чуда па дури и да лекуваат во Мое Име, но сепак ќе ги испратам сите во пеколот во последниот ден, затоа што тие не ме познаваа (како СВЕТИОТ) и тие не се откажаа од гревот во нивниот личен живот (Мат. 7: 21-23). Ако сакате да изградите црква на карпа која никогаш нема да се тресе или руши сега или вечноста, внимавајте да сторите сé што ви кажав (Мат. 5 до 7) и учете ги луѓето на сé што вам ви заповедав. Тогаш ќе бидам со вас секогаш и Мојот авторитет секогаш ќе ве поддржува (Мат. 28: 20, 18). Но, ако го слушнете само она што го велам а не го извршувате, тогаш она што го градите може да им изгледа на луѓето како голема и импресивна црква, но Јас сигурно ќе ја срушшам и таа ќе падне еден ден (Мат.7: 25) ".

Како тогаш да изградиме непоколеблива црква во овие последни денови?

1. Ние мора да ја живееме проповедта на гората (Матеј 5 до 7) и да ја проповедаме постојано.

2. Ние мора да живееме во новиот завет, а не во старит-завет. За тоа, мора јасно да ја знаеме разликата помеѓу двата завета (2 Кор.3: 6). Ние, исто така, мора да го проповедаме новиот завет.

Денес кога проповедниците паѓаат во сериозен грев, тие се оправдуваат (и ја наоѓаат својата утеха во тоа) со примери на светци од Стариот Завет, кои исто така паднале во грев. И потоа, тие повторно ја започнуваат својата служба по период на мирување. Ги цитираат примерите на Давид кој што извршил прељуба, и Илија, кој што бил депресивен, и велат „Но, Бог сепак ги користеше"! Но, не го цитираат примерот на Павле кој живеел во победа и чистота до крајот на животот.

Она што овие проповедници (и повеќето христијани) не препознале е дека светците од Стариот Завет НЕ се наши примери денес. Дадено ни е многу повеќе во оваа ера на благодат - „на кого му е дадено повеќе, од него се бара повеќе" (Лука 12:48). Исус е ПОСРЕДНИКОТ на НОВИОТ завет и ТОЈ е нашиот Пример и Автор на нашата вера денес - не Давид или Илија. Разликата помеѓу светците од Стариот Завет (наведени во Евреите 11 глава) и Исус, е јасно нагласена во Евреите 12: 1-4. Но, многу малку живеат во таа реалноста. Малкумина виделе дека „Бог обезбеди нешто ПОДОБРО за нас", во новиот завет (Евр.11: 40).

Секој од нас може да падне на начин на кој многу проповедници паднале, ако не сме будни - зашто Сатаната е лукав непријател. Нашата сигурност лежи во точното почитување и учењето од Новиот Завет, и во потчинувањето на побожно водство. (Со „побожно" водство, мислам на оние кои немаат ниту една од погрешните вредности кои што беа погоре наведени во десетте точки). Ако учиме од грешките на другите, можеме да избегнеме и самите да не ги правиме истите.

Затоа, да ги држиме нашите лица во прашина пред Господа во секое време - зашто таму ние ќе добиеме Божествено откровение, како што добил Јован (Отк.1: 17). Ако се понизиме, ќе добиеме благодат за да бидеме победници (1 Пет.5: 5). И кога Светиот Дух ни ја покажува вистината во Божјиот збор и вистината за себе, нека да бидеме целосно искрени и „да ја сакаме вистината, за да се спасиме" од сите гревови. На тој начин ќе бидеме заштитени од самиот Бог од секаква измама (2Солун. 2: 10,11). Амин

Авторски права - Зак Пунен. Не смеат да се прават никакви промени на содржината од статијата без писмено одобрение од авторот.