Вистинското и лажното евангелие

Article Body: 

Генерално кажaно, хистијаните се категоризираат во две групи:

(1) „Римо Католици„ и „Протестанти„ - во зависност од раѓањето.

(2) „Епископални„ (конформирани) и „Слободна црква„ (не конформирани) - во зависност од црковната форма.

(3) „Наново родени христијани„ и „Номинални христијани„ - во зависност од „искуството„;

(4) „Евангелистички„ и „Либерални„ - во зависност од доктрината.

(5) „Харизматски„ и „Нехаризматски„ - во зависност од тоа дали „зборуваат во јазици„.

(6) „Целовремени христијански работници„ и „Секуларни работници„ - во зависност од професијата.

Може да има и други вакви категоризации. Но, ниту една од овие категории не се занимава со коренот на проблемот за што нашиот Господ дојде да го реши.

Многумина знаат дека „Христос умре за нашите гревови" (1 Кор.15: 3). Но, многумина не знаат дека Библијата вели дека Христос умрел „дека не треба да живееме повеќе за себе, туку за Него" (2 Кор.5: 15).

Библискиот начин за категоризација на христијаните би бил следниот: „Оние што живеат за себе" и „Оние кои живеат за Христа"; или „Оние што го бараат своето" и „Оние што ги бараат нештата од Христа" или „Оние кои прво бараат земни работи" и „Оние кои прво го бараат царството Божјо"; или „Оние што сакаат пари" и „Оние што го сакаат Бог". (Исус рече дека е невозможно да се сакаат и двете Лк.16: 13)

Но, никогаш не сум слушнал да се користи таква категоризација. Оваа категоризација се занимава со внатрешниот живот на христијанинот и личносното одење со Бога; додека споменатите методи се однесуваат на надворешните детали од христијнскиот живот. Сепак, на овој втор начин небото ги категоризира христијаните. Ако тоа е случајот, тогаш ова е единствената категоризација која е важна! Во овој метод, другите не можат да нè категоризираат. Мораме самите да се категоризираме - зашто никој освен ние самите, не ги знаеме нашите внатрешни мотиви и желби. Можеби дури ни нашите жени не се свесни за што живееме.


Пред сè нашиот Господ не дојде да им даде на луѓето доктрина, или црковна форма, или да ги натера да зборуваат на јазици, или дури и да им даде искуство!

Тој дојде да нè „спаси од гревот". Тој дојде да ја положи секирата на коренот од дрвото. А коренот на гревот е: Фокусираност на самите себе, барање на своето и извршување на својата волја. Ако не му дозволиме на Господ да го искорени овој „корен" од нашите животи, ние ќе бидеме само површни христијани. Сатаната можеби ќе нè измами да мислиме дека припаѓаме на повисока класа од другите христијани, заради нашата доктрина, или нашето искуство, или нашата црковна форма!

Сатаната не се грижи дури и ако ја имаме вистинската доктрина, искуство и црковна-форма, сè додека ние продолжуваме да "живееме за себе" (Ова, патем, е само друг израз за "живеење во грев" !!) . Христијанскиот свет денес е исполнет со христијани кои го бараат своето и живеат сами за себе, кои уште и се убедени дека Бог ги смета за по супериорни во однос на другите христијани, само заради доктринските разлики или црковната форм или „искуствата". Ова покажува колку голема работа сатаната успеал да направи во христијанскиот свет.

Во Јован 6:38, нашиот Господ рече дека дошол од небото на земјата:

(1) Да се ​​одрече од Неговата човечка волја (што ја стекна, кога дојде на земјата како човек) и,

(2) Да ја ​​изврши волјата на Неговиот Татко, како човек. Притоа, тој стана наш пример.


За време на Исусовиот земен живот - во текот на сите негови 33 и половина години - тој ја негирал својата волја и ја извршувал волјата на својот Татко. Тој јасно им кажал на своите ученици дека оние што сакаат да бидат Негови ученици ќе треба да одат по истиот пат. Тој дојде да го искорени коренот на гревот во нашите животи - „спроведување на нашата волја" - и да нè избави од тоа.

Во сферата на науката, во илјадитите години, човекот направил грешка, мислејќи дека земјата е центарот на универзумот. Така изгледало во човечките очи - затоа што сонцето, месечината и sвездите навистина изгледале дека се вртат околу земјата еднаш на секои 24 часа. Била потребна храброста на еден човек како Коперник, да го доведе во прашање ова популарано сфаќање, пред околу 500 години, и да се покаже дека тоа е крајно лажно и дека земјата, дури и не е центарот на Сончевиот систем, оставена во универзумот. Тој покажал дека земјата е создадена да биде центрирана во сонцето. Сè додека човекот имал погрешен центар, неговите научни собирања и одземања биле погрешни - затоа што неговиот центар бил погрешен. Но, штом човекот го открил вистинскиот центар, тогаш овие собирања и одземања испаднале како што треба.


Исто така е и со нас кога остануваме „самоцентрични" наместо да бидеме „Богоцентрични". Нашето разбирање за Библијата и за совршената Божја волја според (нашите пресметки) ќе биде погрешно. Како што луѓето беа убедени повеќе од 5000 години дека се во право (како што видовме погоре), ние исто така може да мислиме дека сме во право! Но, всушност, ќе бидеме 100% во криво.


Ова е она што го гледаме денес дури и меѓу многу „добри христијани". Тие имаат толку многу различни интерпретации на истата Библија - што секој е убеден дека самото негово толкување е исправно, а сите други се во криво. Другите, ќе речат тие се „измамени". Зошто е така? Бидејќи го згрешиле нивниот центар.


Човекот е создаден да биде во центарот на Бог, а не во самиот себе. Кога христијаните ќе го направат погрешниот центар, нивното „евангелие" исто така ќе биде погрешно. Во суштина, денес се проповедаат само две евангелија - едното е човечко ориентираното, а другото Богоцентрично.

Човекоцетричното евангелие му ветува на човекот дека Бог ќе му даде сè што му е потребно, за да го направи неговиот живот на земјата удобен, и дека на крајот од неговиот живот ќе му даде и место во рајот. На човекот му е кажано дека Исус ќе му ги прости сите гревови, ќе му ги излекува сите болести, ќе го благослови и ќе просперира материјално, решение за сите земни проблеми итн., итн.


ЈАС, сè уште останува во центарот на животот на еден таков човек, а Бог се врти околу него - како негов слуга - да му одговори на секоја негова молитва и да му даде сè што сака !! Сè што треба да направи е да „верува" и „да го објави секој материјален благослов во Исусовото име" !!

Ова е лажно евангелие, затоа што не се спомнува за „покајание„. Покајанието е првото нешто кое Јован Крстител, Исус, Павле, Петар и сите други апостоли го проповедаа. И за жал токму покајанието не е проповедано денеска, дури и најмалку се проповеда!!

Богоцентричното евангелие од друга страна, ги повикува луѓето на покајание. И објаснува што значи „покајанието„.

Свртување од себецентричноста, од вршењето на својата волја, од одењето по сопствениот избран пат, од сакање пари и од сакање на световните работи (похотта на телето, похотта на очите и гордоста на животот), итн., и

Свртување кон Бог, сакајќи го Него со цело среце, правејќи го центар на својот живот и вршејќи ја Неговата волја од сега па натаму, итн.

Верата во Христовата смрт на крстот може да му ги прости гревовите на човекот само кога се покајал. Тогаш тој може да ја прими силата на Светиот Дух, која го поттикнува секој ден да се откажува од себеси за да може да живее богоцентричен живот. Ова е евангелието што го проповедаа Исус и апостолите.

Лажното евангелие ги прави вратата и патот да бидат широки (лесно може да се оди, затоа што не мора да се одрече од себеси, или да престане да живее за свои интереси, или да престане да бара сопствена полза). Милиони присуствуваат на состаноци каде што се проповеда таквото лажно „евангелие". И многумина влегуваат низ таа врата и одат по тој пат, мислејќи дека тоа води до живот. Но, тоа всушност води до уништување. Евангелистите на ова евангелие сепак се радуваат, и известуваат за голем број луѓе кои „кренаа раце и донесуваа одлуки за следење на Христа" на нивните состаноци !! Но, сето тоа е измама. Иако некои навистина се променуваат на таквите состаноци, заради нивната искреност, многу такви „преобратеници" постануваат „двапати деца на пеколот" (Мт.23:15) - измамени од нивната вистинска состојба.


Меѓутоа, вистинското евангелие ја прави вратата и патот тесен - не помала или потесен од тоа што самиот Исус ги направил, како што прават некои „супер-духовни" верници, но останува големината како што ја направил Исус. Малкумина, го наоѓаат овој начин на живот. За таквото евангелие нема многу што да известуваат евангелистите, и статистиките не им се импресивни. Но, ова евангелие ги води луѓето кон Господ Исус и кон рајот.

"Бидете внимателни што и како слушате. Кој го извршува она што го слушнал, нему ќе му се даде повеќе светлина и разбирање. Но, кој не го извршува она што го слушнал, дури и каква и да е светлината и разбирањето што мисли дека ги има, ќе му бидат одземенеи. " (Парафраза на Лука 8:18)

Тој што има уши да слуша, нека слуша.

Авторски права - Зак Пунен. Не смеат да се прават никакви промени на содржината од статијата без писмено одобрение од авторот.