Видео запис од нашето секавање

Напишано од :   Зак Пунен Категории :   Основна вистина Истражител
Article Body: 

Денеска со видео камера е возможно да се уловат сцените и звуковите што ги гледаме и слушаме околу нас. Кога таа видео лента би била гледана подоцна, веродостојно ќе покаже што се случило.

Библијата ни вели дека доаѓа ден кога ние ќе треба да одговараме за нас пред Господ. Кога би се сетиле на сите милијарди луѓе кои живееле на оваа земја низ многуте векови од човечката историја, може да се запрашаме како Бог води евиденција за се што секој човек направил, рекол, помислил во текот на неговиот живот. Таа евиденција е задржана од Бог во секоје човечко секавање.

Секавањето е како видео игра која верно евиндетира се што правиме, говориме и мислиме. Исто така ги евидентира нашиот внатрешен став и мотиви. Кога човекот умира, иако го остава неговото тело на земјата, неговото секавање кое е дел од неговата душа, оди со душата во светот на мртвите духови. Кога конечно ќе дојде судниот ден, човековата душа повторно ќе биде соединета со земјата (прашината) која некогаш беше тело и ќе биде воскреснат во физичко (материјално) тело да застане пред Бог и да даде одговорност за целиот негов живот на земјата. Во тој ден, кога ќе дојде редот на секој човек за суд, единственото што Бог ќе треба да го направи е да ја пушти видео лентата од човековото секавање на голем екран за целиот свет да види. Никој нема да биде во состојба да ја испрашува веродостојноста, затоа што тоа ќе биде неговото сеќавање, кое го покажува неговоит живот.

Надворешниот фурнир на пристојност и религиозност кој што лугето го носат денеска ќе биде отргнат и ќе се покаже вистинскиот внатрешен човек. Религијата нема да спаси ниту еден човел, затоа што јасно ќе видиме дека сме грешни - без разлика на тоа дали сме родени или припагаме на некоја религија. Направените добри дела, парите кои сме ги давале на сиромашните или на религиозните институции исто така нема да спасат ниту еден - затоа што ниту една од тие религиозни активности нема да може да ги избрише нашите гревови.

ПОСТОИ ЕДИНСТВЕН ПАТ преку кој што евидентираното од злото што сме го направиле, изрекле и помислиле може трајно да биде избришена од Божја страна, така што повеке нема да бидат пуштани на видео запистот на судниот ден. Нашите добри дела неможат да го избрижат злото. Не. Никако.

Праведна казна мора да биде спроведена за гревовите кои сме ги направиле. Библијата ни вели дека има само една казна која е изречена за гревот - тоа е ВЕЧНА СМРТ. Таа смрт ја заслушува секој од нас заради гревот.

Токму затоа, за да бидеме спасени од казната на вечна смрт Исус Христос, Синот Божји, дојде од небото на земјата како човек и умре на крстот надвор од Ерусалим, пред околу 1970 години. Таму тој ја прифати Божјата казна за гревовите на човештвото, од СИТЕ луге од сите религии. После три дена, откако беше положен во гробот, Тој воскресна од мртвите, покажувајки дека Тој навистина е Бог во човечки лик и ја победи смртта - човековиот најголем непријател. После 40 дена, додека многумина го гледаа, Тој се вознесе на небото, ветувајки дека повторно ке се врати на земјата во одреденото време да го суди човештвото. Поминаа повеке од 19 векови од Неговото ветување и сега Неговото доагање на земјата се наближува. Еден ден ќе го видиме како доаѓа од небото.

Исус Христос е ЕДИНСТВЕНИОТ во историјата кој умрел за гревовите на лугето. Тој исто така е и ЕДИНСТВЕНИОТ кој воскреснал од мртвиѕр. Во тие две работи Тој е уникатен.

Денеска, нашите гревови можат да ни бидат простени и избришани од видео лентата, доколку искрено се покаеме и се обратиме од нив и побараме Бог да ни прости поради Исус Христос, верувајќи дека Тој умрел за нашите гревови и воскресна од мртвите.

Можете да побарате од Господ Исус Христос сега да влезе во вашиот живот и да го избрише записот на вашиот минат грешен живот - колку и да биле големи и многу вашите гревови. Тогаш, можете да го започнете животот повторно со чист запис и да бидете Божјо дете.

Ова е ЕДИНСТВЕНИОТ НАЧИН за спасение што Бог го назначи за човечкиот род. Искористете го сега. Запомнете дека секоја друга алтернатива што ја имате е да се соочите со записот за вашите гревови што ги има во снимката на видео лентата на вашата меморија, во судниот ден. Знаејќи ја оваа вистина и сфаќајќи ја сериозноста на вечното осудување во огненото езеро за сите грешници, наша должност е да ги предупредуваме сите со љубов.

Направи ја вистинската одлука денес, без понатамошно одложување, и нека Бог те благослови со вечен живот.

Ви ја нудими оваа Божја порака, со најискрена љубов.

Авторски права - Зак Пунен. Не смеат да се прават никакви промени на содржината од статијата без писмено одобрение од авторот.